Телешко во сос
Состојки
- 1 кг Кромид
- 1 кг Телешко месо
- 2л Вода
- 2-3 Моркови
- по потреба сол, бибер и мешан сув зеленчук
- дополнително мајчина душичка и рузмарин
Подготовка
Мојот омилен ручек...
Најпрво кромидот се сецка на ситно (јас во сецко го ставив) се става масло за готвење во сад на оган да се пропржи малку и се додава чаша вода да омекне.
Во меѓувреме се сечкаат морковите и се ставаат во садот со кромидот и се промешува одвреме навреме.
Одкако ќе омекне смесата се додава малку сол и мешан сув зачин по желба.
Месото се сецка на мали коцки се мие и се става во садот со предходната смеса. Се додава водата се додаваат зачини по вкус (јас ставив рузмарин и мајчина душица) и се остава да се вари.
Месото се вари на тивок оган околу 2 часа.
Доколку сакате побрзо да се свари истата постапка се прави во експрес лонец.
Добар апетит.