Сируп од кафе
Состојки
- 90гр инстант кафе
- 230мл вода
- 100гр кафеав нерафиниран шеќер
Подготовка
Уште од многу одамна размислував за објавување на ваков вид рецепт. Сите ја знаеме познатата Опера торта која што се прави баш од оваа состојка. Меѓутоа јас овој сируп го правам не дека го користам баш во вакви слатки туку си го користам во млеко, си ставам во чаша околу 200мл млеко, ставам околу 10 до 15 мл сируп од кафе и си имам кафе за цел ден.
Постапката е следна
За подготовка на сируп од кафе потребно е инстант кафе и да го подготвите јако, што е можно појако, јас ставам во 230мл вода, 90гр инстант кафе и мешам додека се раствори, Ставете го на оган, додадете го шеќерот, околу 100гр кафеав нерафиниран, а може и бел, јас се одлучив за кафеав бидејќи ми е поблаг, кафе пијам благо шербет. Мешајте додека да се растопи, и оставете го на тивок оган околу 15 мин да поврие.
Тргнете го на страна и оставете да се излади на собна температура.
Ставете го во шише, затворете јако и чувајте го во фрижидер 2 недели.
Можете да го користите во торти, за премачкување на пандишпан, колачи, филови, палачинки, засладување на алкохолни и безалкохолни пијалоци.