Домашна гранола
Состојки
- 300гр интегрални овесни снегулки
- 75гр бадеми
- 75гр лешници
- 30гр кокосов чипс
- 70гр семки од сончоглед
- 2 лажици маслиново масло
- 1 лажичка цимет
- 230гр мед
Рерната вклучете ја да се загрева на 180 степени. Во плех од рерна ставете хартија за печење.
Бадемите и лешниците крупно исечкајте ги. Во длабок сад ставете ги сите состојки и добро измешајте ја смесата. Распоредете ја врз хартијата за печење и ставете да се пече 20 минути. Промешувајте ја гранолата на секои 4-5 минути за подеднакво да се испече.
Оставете да се излади па ставете во тегли и затворете со капаци. Вака ќе трае и неколку недели