Испечати

Роденденска торта од Теа

Роденденска торта од Теа

Состојки

  • 1 кора
  • 4 белки
  • 100 гр. шеќер
  • 100 гр. кокос
  • 1/2 лажичка пециво
  • 2 лажици брашно
  • 2 кора
  • 4 белки
  • 100 гр. шеќер
  • 100 гр. чоколадо (рендано)
  • 1/2 лажичка пециво
  • 2 лажици брашно
  • 3 кора
  • 4 белки
  • 100 гр. шеќер
  • 100 гр. лешници (мелени)
  • 1/2 лажичка пециво
  • 2 лажици брашно
  • Фил
  • 12 жолчки
  • 250 гр. шеќер
  • 4 пудинзи од ванила
  • 1 литар млеко
  • 250 гр. путер/маргарин
  • 6 крем бананчиња (сечкани)
  • 100 гр. чоколадо
  • 100 гр. лешници (мелени)
  • по потреба шлаг пена или слатка павлака
  • по желба украси за декорација

Подготовка

Ова беше роденденската торта од постарата ќерка Теа, ама од минатата година.
Кога ги пронајдов сликите кои мислев дека се изгубени поради некои проблеми со компјутерот, бев пресреќна, иако баш сликите не се со најдобар квалитет, но битно е што тортата беше навистина прекрасна.

Најпрвин се подготвуваат трите теста.
* Прво тесто
Белките се матат убаво со шеќерот, се намалува брзината на миксерот па се додава кокосот, а потоа и брашното со измешаното пециво. Со шпатула се распоредува рамномерно во правоаголно плехче (20х36 см) обложено со хартија за печење. Се пече на 180 степени околу 20 минути.
* Второ тесто
Постапката е иста како во првото тесто, само се става изрендано чоколадо. Овде се внимава при отстранување на хартијата после печењето, бидејќи чоколадото се лепи за хартијата.
* Трето тесто
Постапката е иста како во првото/второто тесто, само се ставаат мелени потпечени лешници.
Сите теста се ставаат на посебни тацни и се ладат додека се прави филот.

* Фил
Жолчките се матат убаво со шеќерот, се додаваат пудинзите во прав и малку од млекото да се добие смеса како за пудинг. Остатокот од млекото се зоврива и потоа внимателно во тенок млаз се се тура од смесата со жолчки и пудинг, се меша постојано додека да се згусне смесата и да се добие крем.
Штом убаво е изладен кремот, му се додава претходно изматениот путер/маргарин.
Кремот се дели на 3 исти делови и се прават 3 фила.
* Прв фил - 1/3 крем се меша со исечкани крем бананчиња
* Втор фил - 1/3 крем се меша со стопено чоколадо
* Трет фил - 1/3 крем се меша со мелени потпечени лешници

* Филување
Прво тесто - прв фил, второ тесто - втор фил, трето тесто - трет фил.
Тортата се остава да се излади во фрижидер околу 45 минути.
Се мати шлаг пена по упатството или пак слатка павлака, се премачкува сета торта и се украсува по желба. Јас употребив околу 300 гр. шлаг пена.