Испечати

Карамел крем од две состојки

Карамел крем од две состојки

Состојки

  • 300гр шеќер
  • 400мл слатка павлака

Слатката павлака ставете ја да се загрее, но не и да зоврие. Ставете го шеќерот во длабоко и широко тенџере да се карамелизира. При тоа повремено протресувајте го тенџерето. Откако целиот шеќер се стопил и карамелизирал тргнете на страна и налејте ја топлата павлака. Вратете на рингла да се вари на средна температура (кај мене на 4,5 од 9).
Варете 10-тина минути додека карамелот да се растопи, повремено промешувајќи. Откако ќе се стопи карамелот, варете 10 минути при тоа цело време мешајте со лажицата. После 5 минути варење направете проба за густината. Половина лажиче од карамелот ставете на тањирче и оставете да се излади. Ако ви се гледа дека е редок, продолжете го варењето уште наредни 5 минути. Доколку сметате дека е многу густо додадете 1-2 лажици вода (или по потреба) и оставете да зоврие. Кај мене беа доволни 10 мин. варење.
Од оваа количина на состојки излегува отприлика 500мл карамел крем.