Млечни мафини (без миксер)
Состојки
- Суви состојки
- 250гр. брашно
- 200гр. млечно чоколадо или чоколадо со помал процент на какао
- 1 прашак за пециво
- Водени состојки
- 2 јајца
- 100гр. растопен путер
- 100гр. шеќер
- 300мл кисела павлака
- 1 лажица арома ванила
Подготовка
Овој рецепт го најдов кај мајка ми за едни лесни и брзи мафини, кои како се ладат така вкусот им станува побогат.
1. Рерната се загрева на 200 степени
2. Путерот се топи и се додава во подлабок сад во кој е шеќерот и со помош на маталка ( не ви е потребно миксер за рецептот), лесно се мати колку шеќерот да започне да се „топи“.
3. Едно по едно се додаваат јајцата, па киселата павлака и на крај аромата од ванила се добро се меша.
4. Чоколадото се сечи на помали парченца и се додава кон брашното со пецивото.
5. Кон водените состојки се додаваат сувите состојки и со помош на дрвена лажица сите состојки лесно се размешуваат колку да се спојат. Треба да добиете смеса налик на лепливо тесто.
6. Во калапи обложени со хартија за печење или во помала тава ја истурате смесата и правец на печење.....
7.. Печете околу 20 минути на темепратура од 200 степени и мафините се готови.