Испечати

Месна векна со сланина, сино сирење и кашкавал

Месна векна со сланина, сино сирење и кашкавал

Состојки

  • 1кг мелено месо
  • 350гр. ленти чадена сланина
  • 200гр. плаво сирење
  • 100гр. мешан кашкавал
  • 1 главица кромид (поголема)
  • 2-3 моркови
  • 1/2 врзоп магдонос
  • 8 кришки тонус леб
  • 2 јајца јајца
  • 1 лажица сенф
  • 1/2 лажица кечап
  • 3 чешниња лук
  • сол, бибер на вкус и малку мускатно оревче

Подготовка

Еве еден рецепт и од мене кој е погоден за разни забави и слави, а може да се направи и ден однапред, а да е многу многу вкусен.

1. Рерната се загрева на 180 степени

2. Модла за леб се обложува со ленти сланина, јас ги ставам од газерот, па на горните ѕидови, така да и да се преклопуваат лентите не е никаков проблем. Преостананта сланина се сецка на покрупни парчиња и се додава во месото.

3. Во сецко или блендер се ставаат кромидот, морковите, исчистениот магданос, лукот и тонус лебот кој предходно е натопен во малку вода или млеко (колку да омекни), се блиндира смесата да се изедначи.

4. Смесата се додава во месото, се додаваат јајцата, кечапот, сенфот зачините и се се меси.

5. Се сечат кашкавалот и сирењето на подебели коцкички и се додаваат во месото, повторно се премесува убаво да се изедначи.

6. Со намрсени раце се формира векната во модлата и се покрива со сланината која виси (доколку е подолга). Се покрива со алу фолија и се става да се печи околу 50минути до 1 час.

7. Штом се испечи векната се остава да се излади до собна температура, па може да се вади од калапот. Доколку калапот не е нелеплив тогаш пред да се стави сланината треба да се премачка со масло или со растопен путер.

Добар апетит!