Испечати

Принцес крофни

Принцес крофни

Состојки

  • Тесто
  • 300мл вода
  • 150мл зејтин
  • 150гр брашно
  • 4 јајца
  • Фил
  • 4 кесички пудинг од ванила
  • 1 литар млеко
  • 12 лажици шеќер
  • 200гр путер на собна температура

Подгответе го прво филот, бидејќи треба да се лади.
Во дел од млекото растворете ги пудинзите. Останатото млеко со шеќерот ставете да зоврие. Додадете ги растворените пудинзи и сварете ги во густ пудинг. Тргнете на страна и оставете да се излади добро. Путерот пенасто изматете го и во него додадете го изладениот пудинг. Изматете добро, за да се спојат убаво состојките и да добиете убаво кремаст фил.

За тестото, во тенџере ставете водата и зејтинот да зовријат. Додадете го наеднаш брашното и енергично мешајте со дрвена лажица додека да се собери. Тргнете на страна и оставете потполно да се излади. Вклучете ја рерната да се загрева на 220 степени. Додадете ги јајцата едно по едно во тестото, притоа матејќи со миксер со спиралните маталки. Ставете ја смесата во слаткарска кеса на која сте и ставиле модла со широк ѕвеѕдест отвор. Во плех на хартија за печење шприцајте округли форми. Се печат 25 минути, на 200 степени, без при тоа да се отвара вратата од рерната. Оставете да се изладат па сечете ги на половина.
Филувајте со готовиот фил и одозгора посипете со шеќер во прав.