Испечати

Гријаж торта

Гријаж торта

Состојки

  • Гријаж
  • 250гр. ореви
  • 300гр. шеќер
  • Пандишпањ (потребни се два)
  • 5 јајца
  • 5 лажици шеќер
  • 5 лажици брашно
  • 1/2 прашак за пециво
  • 2 1/2 лажици гријаж
  • Фил
  • 700мл. млеко
  • 2 пак. пудинг од ванила
  • 1 ванилин шеќер
  • 7 лажици шеќер
  • 250гр. путер
  • остатокот од гријажот

Подготовка

Подготовка
Најпрво подгответе го гријажот. Оревите ставете ги на хартија за печење. Шеќерот стопете го на умерена температура и со него налејте ги оревите. Оставете 10-тина минути да се зацврсти па потоа сомелете го. Доколку немате мултипрактик, тогаш проследете ја следнава постапка - скршете го гријажот на поголеми парчиња, ставете во кеса за замрзнување и иситнете го со чук најдобро што можете. Така иситнете ставете го во сецко и домелете го.

Подготовка на корите
Загрејте ја рерната на 180 степени.
Белките изматете ги во цврст снег, притоа додавајте го постепено шеќерот. Додадете ги жолчките една по една при тоа секоја жолчка матете ја половина минута пред да ја додадете наредната. Ставете го брашното и пецивото, изматете кратко и на крај додадете го гријажот. Убаво спојте ги состојките и ставете на хартија за печење во подмачкано тавче бр.26 да се пече некои 20-25 мин. Направете проба со чепкалка за да видите дали тестото е печено.
Откако се испекло, превртете го на кујнска крпа и извадете ја хартијата. Откако тестото ќе се излади, пресечете го на половина во должина.
На ист начин подгответе уште едно вакво тесто. Ќе добиете 4 кори.

Подготовка на филот
Во еден дел од млекото растворете ги пудинзите. Во остатокот од млеко ставете го шеќерот и ставете да се вари. Откако ќе зоврие, додадете ги пудинзите и сварете ги. Тргнете на страна, врз површината ставете стреч фолија и оставете целосно да се излади.
Путерот изматете го пенасто. Додадете го во изладениот пудинг, убаво изматете па ставете го останатиот гријаж.
Филувајте ги корите.
На крај украсете по желба со шлаг пена или фондан.