Испечати

Брз чоколаден колач срце (без печење)

Брз чоколаден колач срце (без печење)

Состојки

  • За подлога
  • 100 гр бисквити
  • 50 гр маргарин
  • 5 лажици млеко
  • 2 лажици ореви
  • За фил
  • 1 пудинг од чоколадо
  • 100 гр путер
  • 50 гр чоколадни капки
  • 70 гр малини
  • 400 мл млеко
  • 5 лажици шеќер
  • 1 лажичка екстрат од рум
  • 100 гр бисквити

Подготовка

Колачот се прави многу брзо и лесно и многу е вкусен.
За подлога
Измелете ги бисквитите со оревите, додајте растопен маргарин и млеко и се' промешајте. Ставете во калап срце.
За фил
Половина од млекото ставете го да зоврие, во друга половина додајте пудинг и шеќер, промешајте и истурете го во зовриеното млеко. Мешајте додека не згусне и оставете го да истине.
Изладениот пудинг изматете го со путерот, додајте шеќер во прав по потреба, додајте кршени бисквити, чоколадни капки, малините и екстрат од рум. Се' промешајте и ставете во калап. Ставете во фрижидер да се стегне.
Колачот извадете го од калап, прелијте го со растопено чоколадо, украсете со чоколадни ронки, чоколаден шлаг и со малини.
Добар апетит!