Милерам торта
Состојки
- Тесто
- 250 гр брашно
- 100 гр шеќер
- 1 пециво
- 1 ванила
- 80 гр маргарин
- 1 јајце
- Фил
- 500 мл млеко
- 2 кесички пудинг од ванила
- 200 гр шеќер
- 750 гр кисела павлака
- 500 гр шумско овошје
- 1 прелив за торта
- 1 шлаг
Подготовка
1 Се замесува тесто од сите состојки и се развлекува голем круг за тава бр.26 да виси од страниците за да се обвијат и страничните внатрешни страни со тесто.
2. Во друг сад се вари пудингот и во врелиот пудинг се додава киселата павлака.
3. Овој фил се истура врз тестото додека е врело и врз него се распоредува овосјето.
4. Се печи тортата на 170С-70мин. Значи се заедно се печи со тесто фил и овошје.
5.Кога ке се испече се става прелив за торта според упатството и се прелива врз овошјето.Се декорира со шлаг.Наздравје!!!