Испечати

Домашна пица со печеница (тесто за пица со мајонез)

Домашна пица со печеница (тесто за пица со мајонез)

Состојки

  • За тесто
  • 300гр брашно
  • 1 јајце
  • 70 мл мајонез
  • 1 лажиче пециво
  • пола лажиче сол
  • За полнење
  • 200 гр печеница
  • 70 гр маслинки
  • 100 гр печурки
  • 1 јајце
  • 50 гр кашкавал
  • 3 лажици томата

Подготовка

Ова тесто брзо се приготвува и излегува крцкаво и вкусно.
Во вангличе ставете јајце и мајонез, изматете, додајте брашно, сол, пециво и замесете тесто. Ставете го малку во фрижидер.
Тестото рассукајте во тепсија каде што ќе печете, врз него ставете томата, кашкавал, печеница, печурки и маслинки.
Печете во загреана рерна, на 200 степени околу 30 минути.
Добар апетит!