Испечати

Снежни суви колачи

Снежни суви колачи

Состојки

  • 125 гр путер
  • 100 гр шеќер
  • 1 јајце
  • 1 лажица ванила екстракт
  • 200 гр брашно
  • прстофат сол
  • 100 гр мелени потпечени бадеми
  • 80 гр ноизет чоколадо (некое друго по вкус, чоколадиран марципан)

Подготовка

Подготовка:
Путреот и шеќерот пенасто изматете ги додека се стопи шеќерот.
Додадете едно по едно јајце и аромата ванила.
Додадете ги и останатите состојки и замесете глатко тесто.
Тестото ставете го во најлон и оставете го 1 час во фрижидер.

За тоа време чоколадото искршете го на помали коцки, секоја коцка барем на пола.
Јас половина правев со чоколадо, а половина со чоколадиран марципан. И двете придонесоа на вкусот на свој начин.

Земајте од тестото и правете топчиња. Јас гледав секое да ми е приближно 14 гр.
Во секое ставете парче чоколадо и обликувајте го убаво во топче.

Редете ги во плех обложен со пек хартија и печете во загреана рерна на 180С 12-15 мин, односно додека одоздола не заруменат.

Топли извалкајте ги во шеќер во прав.

Добро затворени овие колачи можат да се чуваат и подолго време.