Чоколадна торта со желе од портокал
Состојки
- За пандишпан
- 2 јајца
- 1 лажица брашно
- 1 лажица какао
- 3 лажици шеќер
- 1 лажиче пециво
- 1 ванила
- За фил
- 500 мл шлаг за матење
- 1 желатин
- 200 гр чоколадо за готвење
- За желе
- 250 мл цеден сок од протокал
- 1 желатин
- 3 лажици шеќер
Подготовка
Прво го подготвуваме пандишпанот.
Јајцата ги матиме со шеќер, додаваме ванила, какао, брашно, пециво. Се' убаво да се промеша и се пече во загреана рерна на 200 степени 25 минути.
За фил
Шлагот изматете го, чоколадото стопете го и додајте го во изматениот шлаг. Желатинот разредете го со 50 мл.ладна вода, оставете да набабри. Растопете го желатинот во микобранова и истурете го во шлагот.
За желе
Желатинот разредете го со 50 мл ладна вода, оставете да набабри.
Цедениот сок од протокал ставете го да зоврие, додајте шеќер и желатин, промешајте. Оставете да истине.
Врз пандишпанот ставете половина од шлагот со чоколадо, ставете го малку во фрижидер да се стегне. Врз него истурете желе, ставете во фрижидер да се стегне желето. Врз желето ставете ја другата половина од шлагот. Оставете во фрижидер да се стегне целата торта.
Украсете со чоколадна шлаг пена и парчиња чоколадо.
Многу вкусна и лесна торта.
Добар апетит!