Превртен колач со цитруси
Состојки
- Сируп
- 1/2 чаша шеќер (чаша од 250 мл)
- 1/4 чаша вода
- Тесто
- 125 гр путер
- 2/3 чаша шеќер
- 3 јајца
- 3 лажици цеден сок од портокал
- 1 лажица рендана кора од портокал
- 2 пакетчиња ванилин шеќер
- 1 и 1/2 чаша брашно
- 1 лажиче пециво
- 1/4 лажиче сода
- 2/3 чаша јогурт
- 2 црвени цитрони
- 2 портокала
- 2 мандарини
Подготовка
Освежувачки, сочен, вкусен, декоративен, вистински зимски колач
Прво направете го сирупот, ставете ја водата и шеќерот да повријат минута, две.
Тепсијата обложете ја убаво со хартија (бр 30)
Цитрусите измијте ги и пресечете ги на кругови со дебелина отприлика од 1 цм. Сечете ги со се кората, а потоа со остро ноже отстранете ја.
Во тепсијата ставете прво половина од сирупот, ставете ги круговите од овошјето и прелијте ги со другата половина од сирупот.
За тестото измиксајте ги јајцата со шеќерот, додајте го стопениот путер и јогуртот, а потоа измешајте ги сувите состојки.
Прелијте ја смесата врз овошјето и ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени отприлика половина час.
Колачот превртете го дури кога убаво ќе биде оладен.