Ѓевреци со маслинки
Состојки
- 450 гр брашно
- 1 кесичка прашок за печиво
- 130 мл млака вода
- 50 мл јогурт
- 50 мл масло
- 1/2 лажичка сол
- 50 гр сусам
- 100 гр сецкани маслинки
- За намакување
- 1 лажица мед и топла вода
- 200 гр сусам и ким
Подготовка
Сите суви состојки ги ставаме во сад и мешаме.
Ги додаваме течните состојки и замесуваме тесто.
Тестото треба да е меко и не лепливо.
Формираме околу десет топчиња и од секое топче формираме ѓеврек.
Во сад ставаме топла вода, го додаваме медот и мешаме додека се стопи.
Секој ѓеврек го макаме во водата со мед, па го валкаме во семињата.
Готовите ѓевреци ги ставаме во плех обложен со хартија и ги печеме околу 15 минути на 200 степени.
На здравје!