Испечати

Печени батачиња и крилца (во апарат за готвење со топол воздух)

Печени батачиња и крилца (во апарат за готвење со топол воздух)

Состојки

  • 450 гр пилешки батачиња и крилца
  • 2 лажици сенф
  • 1/2 лажичка бибер
  • сол по вкус и потреба
  • 1 лажица гиро зачин
  • 1 лажица свинска маст

Подготовка

Жива среќна сум и се фраерисувам по кујна со апаратов. Ги научив и малите деца да си готват со него. До сега подготвивме неколку килограми компири, свежо лупени, замрзнати, еден куп разни лиснати теста, пилешки гради итн. Ептен сме задоволни од нашиот нов член во кујна =)

Подготовка
1. Пилешките крилца и батачиња ги посолуваме и зачинуваме со зачини по вкус. Јас ги напишав зачините кои ги користам.
2. Потоа со лажичка ги премачкуваме со сенф и свинска маст.
3. Ги редиме во Апаратот за готвење со топол воздух, го вклучуваме на 180 степени и на време за готвење од 20 минути.
4. Кога апаратот ќе ни даде сигнал дека е завршено готвењето проверуваме дали сакаме да ни бидат покрцкави, па продолжуваме со печењето уште некоја минута.

Забелешка
Во меѓувреме додека се печат, може да ги отвориме слободно да провериме до каде се зготвени, по потреба да го протресеме садот или пак да ги превртиме...