Испечати

Помфрит и печено пиле од апаратот за готвење со топол возду-Air Fryer

Помфрит и печено пиле од апаратот за готвење со топол возду-Air Fryer

Состојки

  • 400гр свежи компири
  • 1/2 лажиче сол
  • 1/2 лажиче бибер
  • 1/2 лажиче црвен пипер
  • 1/4 лажиче оригано или кари-по вкус
  • 1 лажица маслиново масло
  • маринада за пиле
  • 2 лажици м.масло
  • 1 лажиче сенф
  • 1/2 лажиче црвен пипер
  • 1/2 лажиче оригано
  • 1/2 лажиче бибер
  • 1/2 лажиче зачин
  • 1 пиле од 1-1,2 кгр

Подготовка

Брзо, вкусно, мераклиско.....
Подготовката на јадењата во апаратот е исклучително лесно и вкусно.
Имав проблем со сликите, па вака поединечно ќе ги постаавм и двете, односно помфрит и печено пиле

Во еден сад ги ставаме лупените, сецкани компири.
Во нив ги додаваме маслото, кое е минимално во овој сллучај и подготвените зачини.
Промешуваме, убаво да се залепат на стапчињата компир.
Ги печиме во апаратот 20 минути на 180 с.
За време на печењето слободно може да се извади садот од апаратот,да се протресат компирите и да се врати на местото,како би продолжило печењето.
Пилето, кое претходно е убаво измиено го маринираме и оставаме да одстои така 1 час во фрижидер.
Потоа го ставаме во апаратот Аир Фрајер
Печиме околу 40-50 минути.на 200 с
При тоа може еднаш и да го превртиме во печењето.
Сервираме топло со сезонска салата.