Испечати

Едноставен колач со портокали

Едноставен колач со портокали

Состојки

  • 3 јајца
  • 1 шоља шеќер
  • 1 ванилин шеќер со портокал
  • 1/2 шоља масло
  • 1/2 шоља топло кон млако млеко
  • од 1 портокал - сок и рендана кора
  • од 3 портокали срцевината
  • 2 шољи просеано брашно
  • 1 пециво
  • За полевање
  • од 2 портокали сокот
  • За глазура
  • 100 гр. чоколадо со висок процент на какао
  • 3 лажици масло
  • 3 лажици млеко
  • Шољата е од 250 мл.

Подготовка

Едноставен колач, со состојки кои ги имаме по дома, но мошне вкусен и ароматичен.

Најпрво ги подготвуваме портокалите.
Еден цедиме и ставаме на страна, исто и дригите 2 ги цедиме и ги ставаме на страна, тие се за полевање после печење.Тоа што ќе остани од цедените портокали се сецка, да не се големи парчиња и се додава рендана кора од еден портокал. Портокалите претходно отстоени во вода со сода бикарбона, а потоа добро измиени.

Јајцата се матат со шеќерите, се додава матејќи маслото, па млекото, сокот од портокалот, брашното помешано со пецивото и на крај срцевината од портокалите и ренданата кора, мешајќи со лопатка.

Се излева во калап со пречник од 28 цм., но за повисок колач можи и во калап со пречник од 26 цм..
Калапот намрсен со масло и побрашнет.
Се пече во загреана рерна на 180 степени до сува чепкалка околу 30 мин..

Топол се полева со сокот од двата портокали, а претходно го боцкаме колачот по површината со чепкалка.

Ја подготвуваме глазурата и полеваме врз млакиот колач.
Оставаме убаво да се излади, па сечеме.

На здравје!