Испечати

А-Ц-Е колач

А-Ц-Е колач

Состојки

  • Состојки
  • 4 јајца
  • 200 гр шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 130 мл зејтин
  • 200 гр ситно рендан морков
  • 1 лимон
  • 1 портокал
  • 300 гр брашно
  • 1 пециво
  • За прелив
  • 1 портокал
  • 1 лажица шеќер
  • 1 лажичка нишесте

Подготовка

Името на колачот е А-Ц-Е или витамински колач бидејќи се додава морков, лимон и портокал. Имам дилема дали после печењето има витамини во колачот. Ама немам дилема дека колачот е едноставен и многу вкусен.
Се делат белките од жолчките. Белките се матат во цврст снег. Жолчките со шеќерот се матат заедно. Кон матените жолчки се додава зејтинот, сокот од лимонот и портокалот и ренданиот морков. Се мати и се додава ванилата, пецивото и брашното.
На крај се додават и матените белки. Колачот се пече во загреана рерна на 180 степени околу 25 минути. Јас употребив тава број 26 на Делимано.
За преливот се загрева сок од еден портокал заедно со 1 лажица шеќер и 1 лажичка нишесте додека не се згусне. Преливот се става врз испечениот колач и се декорира по желба. Јас употребив од шарените трошки на Фантазија.