Куглов со чоколада, портокал и мандарини
Состојки
- 200 гр мелени ореви
- 100 гр сечкана чоколада
- 6 јајца
- 200 гр шеќер
- 200 гр маргарин
- кора од 1 портокал и сок од 1мандарина
- 4 аранчини од портокал
- 1 лајче цимет
- 1 пециво
- 130 гр брашно
- прстофат сол
- Глазура
- 100 гр чоколадо
- 2 лажици масло
Подготовка
Вкусен колач со мирис на цимет, чоколада и арома на портокал .
1. Жолчките се двојат од белтоците. Се прави цврст снег од белките и се оставаат на страна.
2. Жолчките се миксираат со шеќерот. Се додава маргаринот и постепено се додаваат сите други состојки и 100 гр чоколада.
3. Се печи во силиконска модла на 180С-40мин.
4. Во друг сад се топи 100гр чоколада и малку масло и се прелева врз кугловот. Одозгора се ставаат украсни трошки....