Испечати

Торта Лино Лада

Торта Лино Лада

Состојки

  • За кора
  • 4 белки
  • прстофат сол
  • 6 лажици шеќер
  • 4 лажици нормално полни (или 2 повеќе наполнати) оштро брашно
  • 1/2 пециво
  • 100 гр. потпечени мелени лешници
  • 50-60 мл. ладно млеко за попрскување на кората
  • *Ова се состојки за една кора, а се прават две.
  • За фил
  • 1300 мл. млеко
  • 250 мл. слатка павлака
  • 5 пудинзи од ванил или карамел
  • 8 жолчки
  • 150 гр. шеќер
  • 250 гр. маргарин
  • 200 гр. црна Лино Лада крем
  • 200 гр. бела Лино Лада крем
  • За украсување
  • 250 мл. слатка павлака

Подготовка

Превкусна торта, уживање со секој залак...Топло ви ја препорачувам... :)

Кората се подготвува стандарно.
Белките се матат со солта и шеќерот, па се додаваат брашното, пецивото и мелените лешници.
Се печи во правоаголна тава со димензии 30 на 20 цм., на хартија.
Времето на печење е 15 мин. на 180 степени, во претходно загреана рерна или печите според вашата рерна.
Топлата кора се попрскува со ладно млеко.
Се прави уште една.

За филот најпрво се матат жолчките, па се додаваат пудинзите и 300 мл. ладно млеко.
Остатокот од млекото и слатката павлака со шеќерот се ставаат на оган да дојдат до точка на вриење.
Пред да зоврие млекото се трга од рингла и се додаваат смесата со пудинзи и жолчки.
Се враќа на оган и се вари 15ина минути со постојано мешање. Прво на умерен, а потоа на тивок оган. Колку подолго варење, толку подобар вкус, се губи оној скробен вкус.
Се трга од оган, се миксира со миксерот и се лади, со повремени мешања или покриено дирекно над пудингот со најлонска фолија.
Се мати маргаринот пенасто, кој е на собна температура.
Се додава од него во млакиот пудинг, кој пак пред спојување добро сме го измиксале. Се соединува убаво.
Се дели на два дела.
Во едниот се додава белиот крем, а во другиот црниот.

Финална постапка
кора-жолт фил-црн фил
кора-жолт фил-црн фил
Целата торта се прамачкува и украсува со изматена слатка павлака.

Уживајте!