Испечати

Oреовки - орасници (со цели јајца)

Oреовки - орасници (со цели јајца)

Состојки

  • 2 јајцa
  • 200 гр. шеќер
  • 200гр мелени ореви
  • 200-250гр толчени ореви

Подготовка

Јајцата лесно се заматуваат со миксер (колку да се разбие јајцето со шеќерот), садот со јајцата и шеќерот се става над сад со пареа и се продолжува да се меша со дрвена лажица се додека не се згусне смесата и да се растопи шеќерот. Се трга на страна и се додаваат мелените ореви, па лесно се промешува да се добие хомогена смеса.
Смесата треба да биде густа. Доколку мислите дека е поретка може да се додаде уште 50ина грама мелени ореви.
Во друг сад ставтете ги толчените ореви (јас ставив околу 250 гр).
Со мало лажиче земајте од смесата и спуштете го тестото во толчените ореви, пропрпелкајте го и ставете го во плех обложен со хартија за печење. Редете во плехот и притоа завртете ги врвовите навнатре, како потковица. Всушност тоа е препознатлив облик на ореовките.
Плехот откако ќе го наполнете ставете го во загреана рерна на 150-170степени целзиусови и печете околу 15-сетина минути.
Време траењето на печењето зависи од вкусот на домаќинката, јас ги печев околу 20-сетина минути затоа што некако ми е посилен вкусот на зацрвенатите-попечени оревчиња. Оставете ги малку да се оладат, па по желба може да ги попрскате со растопено црно и бело чоколадо како мене или може да ги оставите онака како што се. Изборот е ваш.