Колач куќичка (тесто за колачиња)
Состојки
- 400 гр брашно
- 1 јајце
- 1 ванила
- 1 пециво
- 200 гр маргарин
- 1 портокал
- За украсување
- 1 шлаг за матење
- 100 гр бонбони
- 1 бело чоколадо
Подготовка
Многу убаво и миризливо тесто, со вкус и мирис на портокал.
Во просеано брашно ставете јајце, маргарин, шеќер, ванила, пециво, сок од портокал, кора од портокал и со рака замесете тесто.
Тесто оставете го во фрижидер на 30 минути.
Со ово тесто можете да правите колачи по желба.
Изладеното тесто рассукајте го и правете колачи. Јас направив куќичка по желба на дечињата. Печете во загреана рерна на 200 степени 20 минути.
Во прозорите на куќичката ставив бонбони за да личи на стакло.
Испеченото тесто оставете да истине.
Деловите на куќичката залепете ги со бело чоколадо и ставете ја во фрижидер.
Украсете со шлаг и со бонбони.
Добар апетит!