Испечати

Колач седмо небо

Колач седмо небо

Состојки

  • Состојки
  • 1 пакување обланди
  • 10 белки
  • 300 гр шеќер во прав
  • 300 гр сечени ореви
  • Фил
  • 700 мл млеко
  • 10 жолчки
  • 10 лажици шеќер
  • 2 пакувања пудинг од ванила
  • 200 гр темна чоколада за готвење
  • 250 гр маргарин

Подготовка

Вкусен колач, богат со вкусови, кој топло ви го препорачувам.
Најпрвин белките ги делиме од жолчките. Во белките додаваме 300 грама шеќер во прав и матиме со миксер. Кога ќе се направи цврст снег ги додаваме сечените ореви и се заедно мешаме.
Оваа смеса ја делиме подеднакво на листовите од обланди и ги печеме лист по лист на тивко на температура од 150 степени околу 15-20 минути. Готови се кога ќе се исушат и ќе поруменат. На краевите при печењето ќе се свијат корите, ама тоа нека не ва загрижува.
Да напоменам дека најдобро е јајцата да се на собна температура.
Маргаринот го матиме додека не побеле.
Жолчките со 10 лажици шеќер ги матиме со миксер, додаваме 2 пудинга од ванила и 100 милилитри млеко. Оваа смеса убаво изматена, без грутки ја додаваме во зовриено млеко-600 милилитри и мешаме додека се згусне.
Кремата ја префрламе во друг сад, додека е топла ги додаваме 200 грама чоколада и мешаме додека потполно се стопат. Кога кремот е потполно оладен, се додава изматениот маргарин и се мати со миксер.
Оладените обланди ги премачкуваме со филот, само на најгорната обланда не ставаме од него.
Врз колачот ставаме послужавник и врз него нешто тешко за да ги исправи корите.
Така треба да постојат неколку часа и потоа може да се сладите со колачот.