Испечати

Шарена салата со сино сирење

Шарена салата со сино сирење

Состојки

  • 2 варени компири
  • 2 варени јајца
  • 2 кисели краставички
  • 100-130гр грашок од конзерва
  • 100гр црвена зелка
  • 50гр плаво сирење
  • прелив
  • 1-2 лажици маслиново масло
  • 1 лажица сок од лимон
  • 1/4 лажиче сенф
  • 1/2 лажиче сол
  • 1/4 лажиче свежо мелен бибер

Подготовка

Во еден сад ги соединуваме исцедениот грашок, сецканите јајца, сецканите кисели краставички, сецканата зелка, сецканите компири.
Додаваме сол и бибер.
Во мал сад ги соединуваме маслиновото масло, сокот од лимон и сенфот.
Ги преливаме горе подготвените состојки.
Ставаме парче плаво сирење и послужуваме