Испечати

Тиквени мафини

Тиквени мафини

Состојки

  • 1 поголемо јајце
  • 3-4 лажици кафен шеќер
  • 1 лажица масло
  • 1 ванила
  • 1/2 лажиче цимет
  • 1/4 лажиче морско оревче
  • 1/4 лажиче мелено каранфилче
  • 1/2 лажиче пециво
  • 1/2 лажиче сода бикарбона
  • 1 чаша пире од тиква
  • 1 и 1/2 чаша брашно
  • 1/2 чаша јогурт
  • 2влажици семки од тиква
  • некое зрно сол

Подготовка

Користена е чаша од 200 мл.
Мафини се со минимална маснотија од 1 лажица масло, а се исклучително кревки благодарение на јогуртот и тиквата во состојките.

Во еден сад ги соединуваме сите суви состојки, односно брашното, содата, пецивото, зачините и семките од тиква.
Во друг сад го ставаме јајцето, кафениот шеќер, ванилата и кратко со жица за матење соединуваме.
Тука го додаваме маслото и јогуртот.
Промешуваме, па ја додаваме и добро исцедената тиква од течност (може да се користи печена или варена тиква).
Промешуваме и ги додаваме сувите состојки.
Изедначената смеса со помош на лажица ја ставаме во алуминиумски кошнички за мафини во калапот.
Ќе добиеме 12 мафини од оваа доза.
Печиме на 180 с околу 25 минути.
Сепак со чепкалка проверуваме дали се печени.
Испечени се оставаат на решетка да се изладат .
По желба може да се наросат со шеќер во прав.
Јас не ги посипав, со желба да се види нивната интензивна, прекрасна боја.