Колачиња копчиња
Состојки
- Тесто
- 250 гр брашно
- 250 гр мелен орев
- 250 гр шеќер
- 250 гр маргарин
- 2 жолчки
- Дополнително по потреба
- џем од кајсии и растопено чоколадо
Подготовка
Од сите состојки се замесува хомогено мазно тесто. Се откинуваат мали парлиња и се формираат топчиња. Се ставаат на намрсен плех и со прстот се прави дупче. Се печи на 150 С-15мин. Кога ќе се извадат колачињата се става со мало лажиче џем од кајсии. Потоа се шприцаат со растопено чоколадо.На здравје!!!