Испечати

Шарени Божиќни колачиња

Шарени Божиќни колачиња

Состојки

  • 125 гр путер
  • 125 гр брашно
  • 1 лажичка ванила екстракт
  • 1 јајце
  • 1 ванила пудинг
  • зелена прехрамбена боја
  • црвена прехрамбена боја

Подготовка

Подготовката на овие путер колачи ја правевме заедно со ќерка ми Теофанија. Таа ја употреби својата фантазија, па повеќето различни изработки се нејзина креација.

Подготовка
1. Се замесува тесто од сите состојки и се дели на два дела.
2. Во едниот се става зелена боја, а во другиот црвена. Се бои тестото, се витка во најлонска фолија и го оставаме во ладилник околу 30 минути.
3. Потоа ја вклучуваме фантазијата и формираме разни колачиња.
4. Ги печеме во загреана рерна на околу 180 степени. Внимаваме да не ни загорат.
Забелешка
Можете да ги подготвите и во две други бои или само во половина од тестото да додатете какао ...Оставаме на ваш избор и идеја.