Испечати

Баварски кифли со млеко

Баварски кифли со млеко

Состојки

  • 800гр брашно
  • 200мл вода
  • 200мл млеко
  • 40гр свеж квасец
  • 50мл масло
  • 1 лажичка шеќер
  • за варење
  • 1 пакување сода бикарбона Фантазија

Подготовка

Кај баварското печиво специфично е тоа што се вари пред печење, а и го сакам вкусот на варено пециво во сода бикарбона.

Приготвување
Помешајте ја водата со млекото, додајте го квасецот и шеќерот и оставете да нарасне.
Потоа додајте го брашното маслото и солта, замесете меко тесто.
Поделете го тестото на еднакви делови од по 100 грама, развлечете го секој дел со сукало, од кои едниот дел да биде потесен, а другиот дел поширок, завиткајте во кифли.
Во сад ставете вода за вриење, додајте ја сода бикарбоната и сол. Спуштајте од кифлите и готови се кога ќе испливаат на површина.
Во плех со хартија за печење распоредете ги варените кифли
Засечете ги кифлите со остар нож, на неколку делови, но не и длабоко, наросете со сусам, ленено семе, крупна сол.. по ваша желба
Печете на 200 степени додека заруменат.

Забелешка
Има и друга опција, тестото расукајте го и исечете на 16 делови и заролајте во кифлички