Аргентински ќебапи
Состојки
- 800 гр мелено месо (пола јунешко,пола свинско месо)
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка оригано
- 1 лажичка црвен пипер
- 1 главица кромид
- 2 чешниња лук
- 1 јајце
- 2 компири
Подготовка
Едноставни и поинакви ќебапи.
Прво се варат компирите, се лупат, се ладат и се рендаат во еден сад. Во него се додава месото, јајцето, запржениот кромид и лук ситно исецкани.
Се додаваат зачините и сето ова заедно се меша. Од смесата се прават поголеми ќебапи, кои ги валкаме во презла и ги оставаме во фрижидер да отстојат 1 час.
Потоа се пржат од сите страни. Се служат со прилог по желба.