Испечати

Новогодишно роденденска торта Снешко

Новогодишно роденденска торта Снешко

Состојки

  • 1 паковање кори за торта од винчини
  • За фил
  • 3 пудинзи од чоколадо
  • 250 гр путер или маргарин
  • 200 гр какао капки фантазија
  • 1 лажиче рум
  • 150 гр ораси
  • 7 чоколадни бананчиња
  • 1 литар млеко
  • 200 гр шеќер
  • 100 гр шеќер во прав
  • 1 литар шлаг за матење

Подготовка

Оваа торта ја направив за мојот роденден кој преминува во новата година, за да им биде на децата интересно направив Снешко.
За да ми биде побрзо приготвувањето на торта земав готови за торти.
За фил
Во тенџере ставете 800 мл. млеко да зоврие, во останатото 200 мл млеко ставете пудинг, шеќер и измешајте. Во зовриено млеко истурете ја смесата со пудинг и варете додека не загусне. Во готовиот пудинг истурете 100 гр.какао капки, промешајте. оставете пудинг да истине.
Омекнатиот путер изматете го со 100 гр шеќер во прав, додајте пудинг и изматете убаво.
Оревите малку подпечете ги и исечкајте ги малку. Чоколадни бананчиња исечете на коцки.
Оревите и бананчињата ставете ги во филот, додајте 1 лажиче рум и какао капки. Измешајте.
Филувајте ја тортата кора за торта, фил,кора за торта, фил и на крај кора за торта.
Шлагот изматете го и украсете ја тортата. Уста на Снешко јас направив со какао капки.
Добар апетит и среќни празници!