Испечати

Медарки со портокал

Медарки со портокал

Состојки

  • Потребни состојки
  • 250гр. маргарин
  • 250гр. свинска маст
  • брашно по потреба од прилика 500гр-600гр
  • 1 рендана кора од портокал
  • 1/2 чаша сок од свежо цеден портокал (мерка е чаша од 250мл.)
  • 2 жолчки
  • 1/2 чаша шеќер
  • 1 мала лажичка сода
  • 1/2 кесичка печиво
  • 1/2 чаша мелени ореви
  • 1 лажица виски (или рум)
  • 1 лажица мед
  • за шербетот
  • 1 чаша вода
  • 1 чаша шеќер
  • 2 лажици мед

Подготовка

- На сам почеток во сад се ставаат маргаринот и маста кои се бијат со миксер, убаво да се соединат. - Содата на страна се става во сад со виски, се додава сокот од портокал и ренданата кора од портокал. - Ваквиот микс од состојки се додава во избиената маст и повторно се бијат заедно.
- Во трет сад се става брашното кое се меша со печивото и мелените ореви и овај микс го додаваме во првиот сад каде ја матевме најпрво свинската маст и маргаринот. Брашно по потреба за средно меко тесто. Од сите состојки заедно месиме тесто, кое треба да е со средна јачина (доколку лепи се става уште малку брашно). Од тестото се прават топчиња, на дланката колку големина од бомбици.

Се печат над хартија во претходно загреана рерна на 180 степени, благо да заруменат.
Печени слатките се ладат. Во меѓувреме го спремаме шербетот, се вари 5-7 минути. Во топол шербет се ставаат ладни колачи, потоа убаво се валкаат во мелени ореви.