Испечати

Ванилици со јогурт и жолчки

Ванилици со јогурт и жолчки

Состојки

  • шоља од 250гр
  • 1 шоља јогурт
  • 1 ипол шоља шеќер
  • 1/2 кг маст
  • 6 жолчки
  • кора од лимон
  • 1,200 гр брашно

Подготовка

Секоја година ги правиме овие ванилици за Божиќ кои се вкусни, меки и ароматични.
Од сите состојки се замесува компактно тесто кое не се лепи за рацете. Се сучи кора и се вадат со чашка од ракија кругови.
Се печат во ненамрсен плех во загреана рерна на 200С-20мин.
Се лепат со мармалад од кајсии и се увалуваат во шеќер во прав. Едноставни и вкусни.
Излегоа 4 плеха од целата смеса. На здравје!