Путер кифли со јогурт и кисела павлака
Подготовка
1. Во топло млеко се става шеќерот, малку брашно и квасецот да стаса. Во вангла се
става половина од брашното, јајцата, солта, маслото, павлаката и стасаниот квасец.
2. Мешаме со лажица и се додава остатокот од брашното и млакиот јогурт. Се меси
убаво и се остава да стаса.
3. Се размесува и се дели на 10 топчиња. Секое топче се сука во величина на тацна и се
премачкува со растопен маргарин и се ставаат едно врз друго вкупно по 5 топчиња. На
две места по 5 топчиња расукани и премачкани со путер.
4. Секој дел се расукува тенко 1см се сечи на 24 дела и се виткаат кифлици.
5. Се остават да стасаат 1 ча,с се премачкуваат со јајце и поросуваат со сусам. Се печат
на 250 С-30Мин
6. Кога ќе бидат печени се премачкуваат со масло за да светнат