Испечати

Брауни елки

Брауни елки

Состојки

  • 1 пакување Фантазија за брауни
  • кора од 1 портокал
  • 50 гр лупени бели бадеми
  • За посип
  • шеќер во прав

Подготовка

Брза и лесна подготовка со Фантазија производите. Идеите за сервирање и комбинациите си доаѓаат сами по себе.

Подготовка
1. Ја вклучуваме рерната на 160 степени со вентилатор или на 180 во обична рерна.
2. Брауни колачот го подготвуваме според упатството на пакувањето. Тоа е брзо и едноставно, значи сите состојки освен чоколадните лушпи се матат со миксер додека да се соединат, а на крајот се додаваат и лушпите.
3. Во смесата рендаме кора од портокал и повторно соединуваме.
4. Смесата ја распоредуваме во намрсено и набрашнето тавче.
5. Одозгора посипуваме со бадеми.
6. Печеме и пробуваме со чепкалка дали е печен колачот, ако е сува, печен е.
7. Откако колачот ќе излади го сечеме на траголници, го сервираме и посипуваме со шеќер во прав.