Фантазија мафин колач
Состојки
- 1 паковање Фантазија Чоко мафин
- 2 Ванила пудинг
- 1 л. млеко
- 100 гр. шекер
- 150 мл. слатка павлака
Подготовка
- Пригответе ги мафините според упатството напишано на самата амбалажа, испечете ги, извадете ги од подметачите.
Пудинг крем
- Издвојте од млекото 200 мл. во кое ќе го растворите пудингот, остатокот измешајте го со павлаката. Додадете го шеќерот и ставете нека зоврие. За кратко тргнете на страна, истурете го растворениот пудинг, вратете на оган да вари 2-3 минути.
- Уште додека е топол пудингот истурете го во со путер подмачкана правоаголна модла во големина од 30х22 см. и во него правилно распоредете ги непотполно оладени мафини, оставете да се потполно олади и потоа посипете со декоративните звездички или какао капките од фамилијата на Фантазија.
Поделете го колачот на 12 еднакви дела и служете.