Новогодишна Кремисимо торта
Состојки
- тесто
- 10 белки
- 10 лажици шеќер
- 1 лажиче оцет
- некое зрно сол
- фил
- 10 жолчки
- 1л млеко
- 250гр бомбони- карамели со лешник
- 120гр густин
- 40гр пудинг од карамела
- 150гр шеќер
- 100гр путер
- 200мл слатка павлака
- 1 желатин
- 2 лажици вода
- ганаш
- 100мл слатка павлака
- 100гр ноисет чоколадо
- Мали чоколадни топчиња за декорација.
Подготовка
Среќна Нова 2020 година на сите.....
Начин на подготовка
Прво земаме две ванглички и ги делиме белките од жолчките.
Значи во две ванглички ставаме по 5 белки.
Во трет сад ги соединуваме десетте жолчки.
Земаме две округли тави бр 26, кои многу тенко ги премачкуваме со масло и ставаме хартија за печење.
Ги матиме првите 5 белки со постепено додавање на шеќер, некое зрно сол и пола лажиче оцет.
Смесата ја ставаме во тавата, израмнуваме и печиме околу 30 минути на 160-170 степени.
Постапката е иста и со останатите 5 белки.
Сега во мал сад го ставаме желатинот, додаваме 2 лажици вода и оставаме да набубри.
Во садот со жолчки ставаме шеќер, пудинг, густин и 200 мл млеко.
Соединуваме со миксер.
Во 200 мл млеко ги ставаме карамелите и садот на тивок оган го ставаме да почнат да се растопуваат карамелите.
Во трета касерола го налеваме остатокот од млекото, односно 600 мл и го ставаме на оган полека да почне да се загрева.
За некоја минута во овој сад ги ставаме карамелите и сите соединети состојки со жолчките.
Готвиме на умерен оган, со постојано мешање се додека кремот не почне да се згуснува.
Го оставаме да се подизлади, односно повремено го мешаме.
Сега во кремот го додаавме путерот кој бил на собна температура и соединуваме со миксер.
Желатинот го ставаме на оган да се растопи.
И него го додаваме во карамел кремот.
На крај во тенок млаз ја ддоаваме слатката павлака и соединуваме со миксер.
На послужавник ја ставаме првата безе кора.
Го ставаме и обрачот, значи без дното, за да ја споиме тортата.
Врз неа обилно ставаме карамел крем.
Ставаме втора безе кора.
Ставаме крем. Израмнуваме.
Јас малку одвоив од кремот и за декорација.
Оставаме во фрижидер на кратко, односно додека го подготвуваме чоколадниот прелив.
Во касерола ставаме слатка павлака да се загрее.
Тргаме од оган и додаваме искршено ноисет чоколадо.
Енергично мешаме да се соедини.
Оставаме да се излади.
Потоа со миксер матиме мнооогу кратко, само малку да згусни.
Одма овој ноисет прелив го нанесуваме врз карамел филот.
Остаавме во фрижидер тортата да одстои 10-12 часа.
Потоа правиме нежна декорација, со остатокот на филот, малку растопено чоколадо и топчиња од чоколадо.
На здравје.