Саларки
Состојки
- 300 гр сало (свинска маст)
- 100 гр шеќер во прав
- 1 јајце
- 4 пакувања ванилин шеќер
- 430-450гр брашно
- 1/3 пакување прашок за пециво
Подготовка
Рецепт стар долги години.
По обичај се прават за зимниве празници.
Традиционално ги приготвувам за Нова година.
Мојата баба ги правеше вака без пециво, а јас ставив прстофат пециво.
Ги ставаме сите состојки во садот во кој ќе ги замесиме.
Месиме полека додавајки брашно.
Не ја пишувам точната количина на брашното затоа што зависи од тоа какво е салото.
Откако ќе добиете тесто кое не лепи на рацете, земете го калапчето со кое ќе ги правите колачињата.
Ставајте тесто во него и буткајте со палецот да испаднат фигури од калапот.
Редете ги во тава која не е намастена.
Печете во загреана рерна.
Штом се печени, штом поруменат, вадете ги од рерна и оставете 5 минутки да одморат.
Потоа валкајте ги во сад со шеќер во прав.
Готовите колачиња, наредете ги во кутија каде ќе ги чувате. Колку повеќе стојат толку се повкусни.
На здравје