Слатка салама со сусам и ореви
Состојки
- Состојки
- 100 гр шеќер
- 2 лажици мед
- 100 гр чоколада за готвење
- 250 гр бисквити
- 150 гр маргарин
- 100 гр сечени ореви
- 50 гр сусам
- 100 мл кола сок
- За украсување шарени трошки од Фантазија
Подготовка
На оган го ставаме маргаринот, шеќерот и чоколадата на тивко да се стопат. Кога ќе се стопи, се додава кола пијалокот, медот, мелените бисквити и се заедно се меша. Сусамот прво се тостира на тава без масло на тивко, додека да почнат да пукаат семињата. Се додава кон смесата, се додаваат и сечените ореви. Од ова се обликува салама со помош на хартија за печење. Се посипува со трошките од Фантазија и се става во фрижидер да се стегне и олади.
Кога сосема е стегната може да се сечат парчиња.