Испечати

Урма коцки (торта)

Урма коцки (торта)

Состојки

  • За кора
  • 10 белки
  • прстофат сол
  • 1 ванила
  • 10 лажици шеќер
  • 2 лажици масло
  • 6 лажици брашно
  • 1 пециво
  • 250 гр. сецкани свежи урми
  • 250 гр. сецкани ореви по должина
  • 150 мл. млеко за попрскување на печената кора
  • За фил
  • 10 жолчки
  • 10 лажици шеќер
  • 2 ванили
  • 2 пудинга од ванила
  • 400 мл. млеко
  • 200 гр. бело чоколадо за готвење
  • 200 гр. путер на собна температура
  • За украсување
  • 2 шлаг пени
  • 250 мл. ладно млеко

Подготовка

Превкусна торта, вистинско задоволство....

Кората се приготвува стандардно, се матат белките, шеќерите, па се додава маслото, урмите помешани со брашното и пецивото и на крај се додаваат оревите. Се’ убаво се изедначува и се излева во плех обложен со хартија. Димензиите на плехот се 32 на 39 см..

Се печи во претходно загреана рерна на 200 степени додека убаво порумени.
Кај мене беше 15 мин..

Топла се попрскува со 150 мл. ладно млеко.

Ладна се сечи на половина по должина или ако е торта на три ленти.

За филот жолчките се матат со шеќерите, се додаваат пудинзите. Им се додава 200 мл. ладно млеко, убаво се соединува, па се додава уште 200 мл. млеко. Вкупно значи 400 мл. млеко.
Се става на умерен оган и со постојано мешање се вари додека се згусти кремот. Се трга од оган и се додава чоколадото.Се миксира додека се стопи. Се остава да се лади, да биде млак.

Омекнатиот путер се мати пенесто и се додава лажица по лажица од млакиот крем. Убаво се соединува, поврзува.

Се филова.

Одозгора шлаг пена изматена со ладно млеко.

Уживајте!
Воедно ви ја честитам Новата Година, среќна и бериќетна да биде!
Среќни и сите престојни празници!