Испечати

Фантазија круглов со портокали

Фантазија круглов со портокали

Состојки

  • За тесто
  • 3 јајца
  • 125 мл зејтин
  • 100 мл млеко
  • 420 гр мешавина за овошен колач со суво грозје Фантазија
  • За фил
  • 50 гр шлаг со вкус на ванила
  • 4 портокали
  • 200 гр бело чоколадо

Подготовка

Во сад се става мешавина за тесто, јајцата, маслото и млекото. Се меша со миксер кратко на најспора брзина, а потоа на најбрза 3 минути, се додава сувото грозје и се меша со лажица.
Садот за печење се премачкува со масло, се посипува со брашно и се истура смесата. Се израмнува одозгора.
Се пече 40 минути во загреана рерна на 180 степени.
Готовиот истинат круглов пресечете го на три дела.
Шлагот изматете го и оставете малку шлаг за украсување.
Премачкајте го тестото со шлаг, ставете сечени на коцки протокали.
Бело чоколадо стопете го на тивко и прелијте го кругловот.
Оставете во фриждер да се стегне. Украсете со шлаг.
Добар апетит!