Испечати

Пилешко со кари и сенф

Пилешко со кари и сенф

Состојки

  • Состојки
  • 600 гр пилешки стек
  • 2 лажици сенф
  • 1 лажица кари
  • 200 мл павлака за готвење
  • Потребно е уште сол,црн пипер, зачин од сушен зеленчук,зејтин

Подготовка

Пилешкиот стек го сечеме на покрупни парчиња. Го ставаме во тава да се пржи со зејтин. Кога наполу е пржено додаваме сол, црн пипер, зачин од сушен зеленчук, 1 лажица кари и 2 лажици сенф. Сето ова се меша. Кога ќе испари течноста што ја пуштило месото и кога е испржено(а тоа е после 20 минути отприлика), се додава павлаката за готвење. Кратко се меша и ручекот е готов. Прилогот е по ваша желба.
Вкусен ручек за кратко време.