Роло тортиља
Состојки
- 4 тортиљи со спанаќ
- 200гр кисела павлака
- 5-6 листа марула
- 4 варени јајца
- 150гр рендан, мешан кашпкавал
- 30 танки ливчиња чадена свинска печеница
- сол и бибер
Подготовка
Декоративен и вкусен предлог за денешниот појадок...
На работната маса ги ставаме готовите тортиљи со спанаќ
Секоја тортиља по површината ја премачкуваме со кисела павлака.
Врз неа ставаме многу тенко сецкани листови марула.
Рендаме кашкавал.
Ставаме парчиња сува печеница.
Најгоре рендаме варено јајце.
Малку попрскуваме сол и бибер.
Виткаме како ролат.
Послужуваме.
Сервираме со чаша јогурт
Еве уште една верзија во дополнителните слики.
Тортиља ја премачкуваме со крем сирење, расфрламе сецкана марула,сецкана црвена пиперка,пржено бело месо,сенф,мајонез....
Сликите се поставени кај Празничен ролат со кашкавал и печени лешници