Испечати

Колач со мак, нектарини и мусли Натура

Колач со мак, нектарини и мусли Натура

Состојки

  • 3 јајца
  • 100 гр шеќер во прав
  • 1 лажица маргарин
  • 1 ванила
  • 5 лажици брашно
  • 1/2 пециво
  • 3 полни лажици мак (немелен)
  • За одозгора врз колачот
  • 2 нектарини
  • 3 лажици мусли Натура
  • 1 рака ореви сечкани
  • 1 лажиче гриз за посип
  • за декорација шлаг, некатрини и мед

Подготовка

1. Се матат одделно белките со малку сол до цврст снег.
2. Посебно се матат жолчките со шеќерот во прав, маргаринот, ванилата и макот до убав
крем. Потоа ги соединуваме со снегот од белтоци. Го додаваме брашното измешано со
пецивото и го ставаме во округла тава Делимано која е намрсена и посипана со гриз.
3. Одозгора се ставаат 3 лажици мусли Натура, сечкани нектарини и сечканите ореви.
4. Се печи во загреана рерна на 200С - 20мин.
5. Се лади и се сервира со шлаг и мед полиено врз колачот.
Уживајте!!!