Problem slika: Пица оризови галети со сирење
Состојки
- 4 оризови галети
- 50гр урда
- 100гр тврдо кравјо сирење
- 4 супени лажици лут кечап
- 1 супена лажица оригано
Подготовка
Во длабок сад се ренда тврдото сирење и се промешува со урдата.
Во тавче обложено со хартија се редат галетите (ако тавата е Делимано нема потреба од
хартија за печење), а потоа секоја се премачкува со една лажица лут кечап. Врз кечапот
се нанесува сирење помешано со урда.
Врз секое парче се става по малку оригано, готовите галети се ставаат на 250 степени 5
минути.
Ова е многу брз и здрав оброк.
На здравје!!