Супа со топчиња од мелено месо
Состојки
- За топчиња од мелено месо
- 500 гр мелено месо
- 3 лажици гриз
- 1 кромид
- 1 јајце
- За супа
- 2 компири
- 1 кромид
- 100 гр златна мешавина
- 50 гр боранија
- 1 морков
- 1 лажичка сол
- по желба бибер
- 1 лажица мешан зачин
Подготовка
За топчиња од мелено месо
Во меленото месо исечете ситно кромид, додајте јајце, гриз. Посолете, додајте сув
зеленчук. Смесата промешајте ја и ставете ја во фрижидер.
За супата: Во едно тенџере ставете вода да врие.
Во водата ставете компири сечени на мали коцки, златна мешавина и боранија.
Од меленото месо направете мали топчиња.
Кога ќе се сварат компирите, ставајте топчиња од мелено месо во супата.
Додека се вари супата, во едно тавче ситно исечете кромид и морков и запржете ги
малку до златна боја. Истурете во супата.
На крај супата посолете ја, додајте сув зеленчук и бибер.
Лукчето изрендајте го и додајте го во супа.
Магдонос ситно исечете и додајте во супа.
Добар апетит!