Испечати

Меки лајбици со кисело млеко

Меки лајбици со кисело млеко

Состојки

  • 500 мл кисело млеко
  • 500 мл млака вода
  • 1 свеж квасец
  • 200 мл масло
  • 1 лажица шеќер
  • 2 лажички сол
  • 1 јајце
  • 2 жолчки (белките се за премаз)
  • 1кг брашно може и повеќе
  • За премачкување
  • 125 гр маргарин
  • за поросување сусам
  • 2 белки

Подготовка

1. Се става квасецот да стаса заедно со малку вода и
шеќер. Кога ќе надојде квасецот се замесува тесто од сите наведени состојки, освен што
белтоците се оставаат за премаз и маргаринот за одозгора на секое топче. Се остава да
одмори тестото.
2. Се прават топчиња со големина по ваша желба. Се премачкуваат со белка, се
наросуваат со сусам и врз секое топче се става коцкичка маргарин.
3. Се печат на 250 С - 25 мин. Одозгора јас ги премачкувам со масло.
П.С. Излегуваат околу 45 лајбици.