Испечати

Двобоен куглоф со кафеав шеќер

Двобоен куглоф со кафеав шеќер

Состојки

  • 3 јајца
  • 150 гр кафеав шеќер Натура
  • 100 мл млеко
  • 100 мл масло
  • 7 лажици брашно
  • 1 пециво
  • 1 ванила
  • 1 лажица какао
  • 1 лажица маргарин

Подготовка

Се матат јајцата, па се додава кафеавиот шеќерот Натура. Се мати да се добие густа
смеса. Во неа се додаваат маслото и млекото, се мати и на крај се додава брашното,
пецивото, ванилата и се меша со лажица...
Се става во намрсен калап со малку маргарин и се става повеќе од половина смеса. На
остатокот се додава лажица какао и се додава над истурената смеса во калапот.
Се пече на 160 степени, 20 мин.