Француски багет
Состојки
- 500 гр бело брашно
- 150 гр лажичка сув квасец
- 1 лажичка сол
- 400 мл вода (или по потреба)
Подготовка
Ова е малку поинаква рецепта за превкусниот багет.
Во брашното се ставаат квасецот и солта. Водата е обична, не е топла.
Се замесува меко тесто. Месете со лажица.
Оставете да стасува 45 мин. Потоа на масата пак го размесувате.
Тоа го правите со влажни раце и само неколку пати го преклопувате. Не е класично месење. Тестото треба да стасува 4 пати по 45 минути.
По секои 45 мин, само го влажни раце го преклопувате и пак враќате да стасува.
Не додавате брашно.
Потоа смесата се сече на 4 дела. Се прават мали лепчиња.
Секое лепче малку со прсти го притискате и преклопувате. Овде може да попрскате со брашно.
Така издолжено се става на крпа. Ја свиткувате крпата и до него го ставате следното лепче. Погледнете на фотографиите за подобра претстава.
Во крпата стојат околу 20 мин.
Рерната ја загревате на 200 степени.
Лепчињата внимателно ги префрлувате во тавата и ги засекувате дијагонално.
Во рерната ставив и тавче со вода за да има покрцкава кора.
Се печат 20 мин. За да имаат покрцкава кора печете со вентилатор или погоре на решетката поблиску до грејачите.
Пред печење може да им ставите сусам, оригано, лук во прав, афион...
На здравје уживање.